top of page

Ability Awards

Со различноста растеме со успехот блескаме

03 декември 2024
DoubleTree by Hilton Skopje
Wall

Мисија

Мисијата на ABILITY AWARDS е да ја истакне и оддаде признание на

исклучителноста и иновациите на лицата со попреченост и на компаниите кои активно се залагаат за создавање на инклузивни и разновидни работни средини. Нашата цел е да го поттикнеме дијалогот и акциите кон социјална промена, промовирање на успешни примери и зајакнување на корпоративната социјална одговорност. Стремиме кон креирање на трајни партнерства со бизнисите за да ja зајакнеме нивната посветеност кон инклузивните практики и општествената правда.

Визија

Визијата на ABILITY AWARDS е да се развие како водечка платформа во

регионот за признавање на достигнувањата во областа на инклузијата, разновидноста и правата на лицата со попреченост, истакнувајќи ги корпоративните социјални одговорности. Стремиме кон тоа овој настан да послужи како катализатор за охрабрување на компаниите, заедниците и поединците да преземат активна улога во градење на поинклузивно општество каде секој има еднакви можности за успех и  истакнување на своите таленти и вештини на највисоко ниво. ABILITY AWARDS ќе биде пример за сите оние кои се залагаат за етички бизнис и да инспирира пошироко прифаќање на корпоративната социјална одговорност во сите индустрии.

Blotched Background

Меѓународен ден на лицата со попреченост

Меѓународен ден на лицата со попреченост
03 декември 2024
19:00

Славењето значи одбележување на придонесот на лицата со попреченост пренесувајќи порака за еднаквите можности.

Наградите се фокусирани на признание на талентирани лица кои ги надминале сите предизвици и постигнале извонредни успеси во својата професија и живот.

 

Да се креира правилна и општествена свест за огромниот придонес кои лицата со попреченест го создаваат.

The Conference

Незаборавните моменти од Ability Awards низ нашата галерија! Приказ на инспиративни моменти, заедништво и инклузија што го обележаа овој уникатен настан.

Зошто ABILITY AWARDS е настан кој не смеете да го пропуштите

ABILITY AWARDS не е само настан, тоа е врвен исклучително важен момент на

прослава на достигнувањата и инклузивноста. Оваа свеченост на црвениот килим ќе собере истакнати личности од дипломатскиот кор, министри, амбасадори, реномирани

бизнис лидери, директори на корпорации и инспиративни индивидуи со попреченост на едно место, за да оддадат признание на исклучителните достигнувања во заедницата.

Придружете ни се на оваа ексклузивна гала вечер која е вистински синоним за “ОСКАРИ“ во светот на корпоративната социјална одговорност и инклузија.

Приклучете ни се на оваа празнична вечер и дозволете заедно

 

СО РАЗЛИЧНОСТИТЕ ДА РАСТЕМЕ, А СО УСПЕХОТ ДА БЛЕСКАМЕ!

Присуствувото на ABILITY AWARDS не само што овозможува единствена можност да

бидете рамо до рамо со истакнати личности од различни сфери, туку и да бидете дел од

настан кој го поставува златниот стандард за одговорно и смислено деловно поврзување.

Не дозволувајте да ве одмине можноста да бидете дел од оваа гламурозна ноќ на

признанија. Вашата поддршка за ABILITY AWARDS е вашиот потпис за поддршка на

значајните промени во општеството.

360_F_562559480_iM95qBOk9lwJCaVGdQsbUJfHsaKi8E4I_edited_edited.jpg

Бидете сведоци на 20 доделени награди од кои 10 за лица со попреченост со активна улога

во опшеството и 10 компании кои се залагаат за инклузија и еднакви права.

Номинациите траат до 15 Ноември, а гласањето ќе биде отворено до 30 Ноември.

Категории и номинации за лица со попреченост 

Наградите се доделуваат во 10 категории, со цел да ги опфатат различните области на професионален и општествен придонес на лицата со попреченост

01.

Култура и Уметност

02.

Спортски Достигнувања

03.

Работник во

бизнис сектор

04.

Работник

со ИТ вештини

05.

Лидерство

06.

Работник во јавна институција

07.

Награда за исклучително влијание на општесвената свест

08.

Бизнис

иноватор

09.

Борец за

човекови права

10.

Инклузивен иноватор

Категории и номинации за компании и институции

Признанијата се доделуваат во 10 категории за компании кои се истакнале со својата заложба за еднаквост и инклузија, создавајќи инклузивни работни места и поддржувајќи лица со попреченост.

01.

Најдобро инклузивно работно место

02.

Иновации во пристапноста

03.

Влијание на заедницата

04.

Медиум без предрасуди

05.

Лидерство за различности

06.

Инклузивна маркетинг кампања

07.

Застапување и политика

08.

Инклузивна и асистивна Технологија

09.

Претприемничка иницијатива

10.

Корпоративна Социјална Одговорност

L2_Disability+Rights.jpg

Како да номинирате лице или компанија ?

Доколку сте лице со попреченост или познавате некого кој сметате дека треба да биде номиниран, пополнете ја формата, а ние ќе ги контактираме лицата. Во секоја категорија ќе има максимум 4 лица кои биле номинирани.

Предложи лице

Категорија
About
pexels-kampus-6248968.jpg

Доколку сте компанија и сметате дека придонесувате во заедницата и се залагате за еднаквост и инклузија или доколку сметате дека некоја компанија заслужува да биде номинирана, пополнете ги податоците.

Предложи компанија

Категорија
About
360_F_562559480_iM95qBOk9lwJCaVGdQsbUJfHsaKi8E4I_edited_edited.jpg

КАКО ДА ПРИСУСТВУВАТЕ ?

40 лица со попреченост заедно со нивните асистенти или придружба кои добиле најголем број на номинации ќе добијат покана за лично присуство на оваа Гала вечер.

40 бизниси и институции кои добиле најмногу гласови заедно со 2,3 или 4 членови од нивниот тим ќе добијат покана за лично присуство

на ABILITY AWARDS.

Членови на дипломатскиот кор и амбасади кои ја подрдржуваат инклузијата и се залагаат за еднакво опшество ќе бидат присутни за да ги увериме дека сме храбри и упорни за заедно да

изградиме Свет без Бариери и еднаквост во опшеството.

Поддржувачи

bottom of page